Thursday, December 6, 2018

Спартанско воспитување

Во спартанската држава главната сила и главната улога ја играла војската и воената организација. Моќта на војската зависела од физичката сила на војниците, а Спартанците воделе исклучително голема грижа за физичкото воспитување на своите деца. Од седмата до осумнаесеттата година сите машки деца биле одземани од родителите, и биле воспитувани во специјални државни училишта — гимназии. Во гимназиите, децата биле обучувани за што поголема физичка издржливост и моќ, биле учени да не чувствуваат страв од непријателот и да чувствуваат неизмерна омраза кон робовите. Наставата се состоела од куси прашања и куси одговори, што е познато како Лаконизам, бидејќи на војникот според Спартанците не му било потребно да зборува долго и убаво. По завршувањето на военото училиште децата стапувале во војска во која служеле до својата 60-та година. Благодарение на таквото сурово воспитување, Спартанците станувале храбри и издржливи борци, големи патриоти. На сличен начин биле воспитувани и женските деца, за да станат способни да раѓаат здраво поколение. Со ваквиот воспитен систем, Спартанците создале цврста воена организација и брзо го потчиниле соседното население. Спарта станала најсилна држава на Пелопонез. Другите држави околу неа слабееле и гледајќи како Спарта се засилува, почнале да се плашат да не бидат покорени од неа, и затоа почнале да бараат да станат нејзини сојузници. Така, во VI век п.н.е. бил создаден Пелопонески сојуз во кој раководна улога имала Спарта; таа била апсолутен хегемон во сојузот.
 Мерерна статуа на хоплит

No comments:

Post a Comment

Спартанско воспитување

Во спартанската држава главната сила и главната улога ја играла војската и воената организација. Моќта на војската зависела од физичката ...