Мерерна статуа на хоплит
Thursday, December 6, 2018
Спартанско воспитување
Во спартанската држава главната сила и главната улога ја играла
војската и воената организација. Моќта на војската зависела од физичката
сила на војниците, а Спартанците воделе исклучително голема грижа за
физичкото воспитување на своите деца. Од седмата до осумнаесеттата
година сите машки деца биле одземани од родителите, и биле воспитувани
во специјални државни училишта — гимназии.
Во гимназиите, децата биле обучувани за што поголема физичка
издржливост и моќ, биле учени да не чувствуваат страв од непријателот и
да чувствуваат неизмерна омраза кон робовите. Наставата се состоела од
куси прашања и куси одговори, што е познато како Лаконизам,
бидејќи на војникот според Спартанците не му било потребно да зборува
долго и убаво. По завршувањето на военото училиште децата стапувале во
војска во која служеле до својата 60-та година. Благодарение на таквото
сурово воспитување, Спартанците станувале храбри и издржливи борци,
големи патриоти.
На сличен начин биле воспитувани и женските деца, за да станат способни
да раѓаат здраво поколение. Со ваквиот воспитен систем, Спартанците
создале цврста воена организација и брзо го потчиниле соседното
население. Спарта станала најсилна држава на Пелопонез. Другите држави
околу неа слабееле и гледајќи како Спарта се засилува, почнале да се
плашат да не бидат покорени од неа, и затоа почнале да бараат да станат
нејзини сојузници. Така, во VI век п.н.е. бил создаден Пелопонески сојуз во кој раководна улога имала Спарта; таа била апсолутен хегемон во сојузот.
Monday, December 3, 2018
Државно уредување на Спарта
Спарта биле робовладетелска аристократска монархија
на чие чело стоеле двајца кралеви-наследници чија власт била ограничена
(само во војна не). Највисок орган на власт бил советот на старешини — герузија,
составен од 28 доживотно избрани старешини со навршени 60 години.
Решенијата на советот ги спроведувало во дело посебно тело составено од 5
члена — ефорат. Тоа тело вршело надзор над работата на советот на старешините. Член на тоа тело можел да стане само Спартанец
со навршени 30 години, а биле избирани на една година. Во Спарта
постоело и народно собрание составено од сите Спартанци, кое се
состанувало еднаш месечно.
Subscribe to:
Posts (Atom)
Спартанско воспитување
Во спартанската држава главната сила и главната улога ја играла војската и воената организација. Моќта на војската зависела од физичката ...
-
Спарта - била град-држава во античка Грција , ситуирана на реката Еврота во јужниот дел на Пелопонез . Од 650 п.н . е таа прераснала...
-
Спарта биле робовладетелска аристократска монархија на чие чело стоеле двајца кралеви-наследници чија власт била ограничена (само во војн...
-
Во спартанската држава главната сила и главната улога ја играла војската и воената организација. Моќта на војската зависела од физичката ...