Monday, November 26, 2018

Спарта

  • Спарта била град-држава во античка Грција, ситуирана на реката Еврота во јужниот дел на Пелопонез. Од 650 п.н.е таа прераснала во доминантна воена сила во регионот, и како таква била признаена за целосен лидер на комбинираните грчки сили за време на Грчко-Персиските војни. Меѓу 431 и 404 п.н.е, Спарта била противникот на Атина за време на Пелопонеската војна. До 362 п.н.е, улогата на Спарта како доминантна воена сила завршила. Спарта со своето славно минато е предмет на восхит за светот; обожувањето и восхитот кон Спарта е наречен Лаконофија.
  • Положба, население и социјална структура

    Спарта се наоѓала на јужниот дел на Пелопонез, во областа Лаконија низ која тече реката Еврота. Кон крајот на ХИХ век п.н.е на Пелопонез се доселиле Дорците кои го создале градот Спарта, кој за кратко време се издигнал и ги потчинил соседните општини и станал држава. Според името на градот и државата почнала да се нарекува Спарта. Во спарта населението се делело на слободно — спартијати и периеки, и неслободно — хелоти- (робови). Спартијатите биле господаречка класа и ги имале сите права, не плаќале даноци и не се занимавале со никаков производствен труд, бидејќи сметале дека трудот е понижувачки. Периеките биле слободни луѓе, но немале политички права. Тие се занимавале со земјоделие, занаетчиство и трговија и морале да плаќаат данок на спартијатите. Хелотите биле робови, сопственост на државата и немале никакви права.






Спарта во 6 век п.н.е.–195 п.н.е

Спартанско воспитување

Во спартанската држава главната сила и главната улога ја играла војската и воената организација. Моќта на војската зависела од физичката ...